Проф.д-р Ѓорги Тоновски
  E-mail адреса
gjorgi.tonovski@uklo.edu.mk
Предмети
Посетни часови
Работна биографија

Ѓорѓи Тоновски е роден на 17.03.1952 година во Битола. Основното и средното училиште со одличен успех ги заврши во Битола, а потоа се запиша на Факултетот за политички науки, на Белградскиот универзитет. Тоновски во 1981 година ја одбрани својата магистерска теза од областа на политичките науки на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје. По магистрирањето во 1982 година станува предавач на Правниот факултет во Битола на предметите Социологија и Наука за политиката. На овој факултет во 1985 година ја одбрани својата докторска дисертација од областа на политичките науки и се стекна со звањето доцент.

Потоа, Ѓорѓи Тоновски станува професор по Социологија и Социологија на туризмот на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид. Тој е основоположник на Социологијата на туризмот како посебна научна дисциплина во Република Македонија. На Факултетот се стекнува со звањето вонреден профессор. Во 1995 година професорот Тоновски беше избран по прв пат во звање редовен професор, а во 2001 година беше избран по втор пат во истото звање. Од 2003 година е избран на ФОН Универзитетот-Скопје, како редовен професор на предметите Социологија на правото и Меѓународни односи и Меѓународни организации. Во периодот од 1998 до 2002 предавал Социологија на комуникации на Правниот факултет во Скопје. Од академската 2012/2013 година, Тоновски работи како редовен професор на Правниот факултет во Кичево.

Проф. д-р Ѓорѓи Тоновски волонтерски се ангажирал и во општествено-политичкиот живот во Република Македонија. Се служи со англискиот, рускиот и романскиот јазик.
Професорот Тоновски е автор на повеќе од 80-на стручни и научни трудови објавувани во списанија и весници во земјава и странство. Учествувал на бројни научни и стручни семинари, советувања и симпозиуми, како и во научни проекти во земјава и странство. Во 1993 година престојуваше неколку месеци на департментот по Социологија на Универзитетот во Сиракуза, држава Њу Јорк. Соработувал и со институцијата American Society for Quality, и програмата Фаре. Тој е автор на повеќе книги. Проф. д-р Ѓорѓи Тоновски објавил и бројни статии во средствата за комуникација и учествувал со своите стручни анализи во бројни интервјуа и стручни емисии во медиумите (списанија, весници и радио-телевизиски станици).
Професорот ТОНОВСКИ е доктор на науки и има звање редовен професор. Во неговиот научно-истражувачки опус се вброени многубројни текстови од областа на науката и публицистиката.

СПИСОК НА СТРУЧНИ И НАУЧНИ ТРУДОВИ (по изборот во звањето РЕДОВЕН ПРОФЕСОР)



СТАТИИ:
-Општествената детерминираност на патувањето - Годишник на ФТУ за 1995
-Социјални функции на туризмот - Социолошка ревија број 2/1996
-Црквата во транзиционите процеси - Зборник "Етнички, религиозни и конфесионални односи на Балканот", од научниот собир во Нишка бања, мај 1997
-Поместувања во структурата на македонското општество - објавено во Зборникот од меѓународниот симпозиум: "Алтернативите на развојот: економски и социјални аспекти на промените во земјите од Југоисточна Европа", Прилеп 1998
-The Tourism as a Communication - излагање на Првиот Интернационален Научен Конгрес "Tourism and Culture for Sustainable Development", Атина 1998
-Предизвиците на демократијата во земјите во транзиција - Годишник на ФТУ за 1998
-Приватизацијата како општествен предизвик - излагање на тркалезната маса во Агенцијата за приватизација, 1999
-Социјален ред, политика, аномија - статија во Зборникот од Меѓународниот научен собир посветен на Емил Диркем, Скопје 1998
-Процесот на трансформација и процесот на транзиција во општествените случувања - Годишник на ФТУ за 1999
-Кадрите во туризмот - излагање на Меѓународниот научен собир Туристичката индустрија и образованието по туризам пред новиот век", Колеџ по туризам, Варна 1999
-Sociology, Crisis, Civil Society - излагање на Тркалезната маса на претставници на Социолошките асоцијации од Југоисточна Европа, Софија 2000
-Социолошко толкување на економскиот развој - реферат во Зборникот од меѓународниот собир "Современите процеси на економскиот развој во земјите од Југоисточна Европа", Прилеп 2000
-Одлики на комуникацискиот процес - Годишник на ФТУ 2000
-Конфликтот како општествена категорија - реферат на научниот собир: "Конфликтите во современото македонско општество", Негорски бањи 2001
-Медиумите во транзициониот процес - Зборник на трудови од научниот собир Комуникации, Медиуми, Македонска транзиција, 2005/6 година
-Изборите како индикатор на демократскиот процес - Зборник на трудови од научниот собир Парламентарните избори 2006 и македонските аспирации за членство во ЕУ и НАТО, 2006 година
-Македонскиот политички фактор и евроинтеграцијата - Зборник на трудови од научниот собир Република Македонија на патот кон НАТО и ЕУ - состојби и перспективи, 2007 година
-Transitional sociology, Crisis and Civil Society, Зборник од научниот собир Изазови и домети савремене социологије друштвеног развоја, Ниш (Србија), 2008 година
-Поголем број статии и колумни објавени во весници и списанија

ПОЗНАЧАЈНИ КНИГИ
Проф. д-р Ѓорѓи Тоновски е автор на неколку книги од сферата на општата социологија, социологијата на туризмот, сферата на комуникациите, социологијата на правото, меѓународните односи, меѓународните организации:
-Социологија на туризмот - Профпромет, Битола 1995 (120 страни)
-Основи на социологијата - Профпромет, Битола 1995 (160 страни)
-Туризмот и општеството - Студентски збор, Скопје 1996 (460 страни)
-Вовед во социологијата - Студентски збор, Скопје 1998 (360 страни)
-Светот на комуникацијата - Институт за истражување на туризмот, Охрид 1999 (240 страни)
-Социологија - Институт за истражување на туризмот, Охрид 2001 (610 страни)
-Социологија на правото - ФОН, 2003 година
-Меѓународни односи - ФОН, 2004 година
- Меѓународни организации - ФОН, 2005 година
- Современа меѓународна заедница, ФОН 2008
-Социологија на правото (дополнето и изменето издание) - ФОН, 2008 година
-Социологија (дополнето и изменето издание) - ФОН, 2008 година

ПРОЕКТИ
Проф. д-р Ѓорѓи Тоновски учествувал во неколку проекти:
-"Оценка на состојбите во социологијата во Република Македонија", PHARE 1998
-"Социо-психолошките аспекти на туризмот", статија "Современиот човек и масовниот туризам", 1999
-"Туристичка пропаганда", статија "Кадрите и туристичката пропаганда", 1999
-"Транзицијата и туризмот", проект на ФТУ-Охрид, 2000 година
-"Модернизација на јавната администрација и јавната политика во РМ", TEMPUS-PHARE, 2000/2001
-"Развој на туристичката промоција на Охрид", ПРИЗМА 2000
-"Европски студии", TEMPUS-PHARE, 2001/2002


Соопштенија
Настани и случувања
Правна клиника - повик за учество

Настани и случувања
Нов Erasmus + договор

Настани и случувања
Настан - Уште поблиска Унија

Настани и случувања
Настан - Иднината на ЕУ

Настани и случувања
Меморандум за соработка со Црвен крст

Настани и случувања
Меморандум за соработка

Настани и случувања
Одбележувањето на Денот на Европа

Настани и случувања
Прв академски час

Настани и случувања
КРЕДО Информативниот ден

Настани и случувања
Регионален Moot Court натпревар FUTURA

Адреса
Рудничка Б.Б, 6500 Кичево
Партизанска Б.Б, 7000 Битола
Владо Малески Тале 24, 6500 Струга
Правен факултет Кичево
Дисперзирани студии Битола и Струга
www.pfk.uklo.edu.mk
pfk@uklo.edu.mk
Телефони
045 220 267 - Кичево
047 221 115 - Битола
046 780 721 - Струга