Проф.д-р Александара Патоска
  E-mail адреса
aleksandra.patoska@uklo.edu.mk
Linkedin
Google Scholar
Предмети

ПРВ ЦИКЛУС
- Стварно право
- Облигационо право

ВТОР ЦИКЛУС
- Корпоративно право
- Облигационо право – полноважност на договори и надомест на штета

Посетни часови

/

Работна биографија

Д-р Александра Патоска родена е на 17.10.1968 година во Прилеп, каде завршува основното и средно образование. Во текот на 1989 година дипломира на Правниот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Скопје со што се стекнува со звање дипломиран правник. Образованието го продолжува на Економскиот факултет во Прилеп во состав на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола со упис на последипломските студии на насоката Деловно и развојно планирање. По успешното положување на испитите од наставната програма, во текот на 1998 година го одбранува магистерскиот труд под наслов „Функциите на менаџментот и менаџерите во современото управување со претпријатијата“ се стекнува со научно звање Mагистер на економски науки. По магистрирањто, пријавува докторски труд на Економскиот факултет во Прилеп под наслов „Меѓународниот договор за продажба во Република Македонија и промените во меѓународната трговска регулатива“ по чија одбрана во текот на 2004 година се стекнува со научно звање Доктор на економски науки (PhD)

Во текот на 1993 година го има положено и правосудниот испит при Министерството за правда на РМ со што се стекнува со продлабочени и практични знаења од областа на правото и правната наука.

Работното искуство го започува во „Еуроинвест-11 Октомври“ АД Прилеп каде во периодот од 1992 до 1997 година работи како правен советник. Во периодот од 1997 до 2007 година работи во Основниот суд во Прилеп најпрво како стручен соработник, а потоа како самостоен судски совеник.

Со одлука на Наставно-научниот совет при Интердисциплинарните студии по јавна администрација во состав на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ Битола од 24.10.2006 година избрана е во звање насловен доцент по група предмети од областа на економијата на Интердисциплинарните студии по јавна администрација – Битола. Од страна на Матичната комисија за спроведување на подготовки за почеток со работа на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи – Битола избрана е во наставно-научно звање доцент. Со Одлука на Наставно-научниот совет на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи Битола на 07.06.2011 година избрана е во звање вонереден професор. Со одлука на Универзитетскиот сенат при Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола од 01.06.2016 година избрана е во звање редовен професор.

Од 01.09 2007 година до 31.08.2014 година вработена е во Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи – Битола во состав на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола Од 01.09.2014 година вработена е во Правниот факултет Кичево во состав на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола.

                             

  • Наставно образовна дејност

            Во академската 2006/2007 година д-р Патоска ангажирана е на Интердисциплинарните студии за јавна администрација – Битола за изведување настава по предметот Деловно право.

            Во периодот 2007-2014 година, по наставните програми на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи Битола, на насоките Јавна администрација, Менаџмент на информациски системи и Информациски системи во здравството изведува настава по предмети од прв циклус студии Административни процедури, Службенички систем, Бизнис право, Деловно право, Инвестиции, Здравствени системи, како и предмети од вториот циклус студии : Европско договорно право, Јавна администрација и  Јавна и државна администрација. Во академските 2012/13 и 2013/14 ангажирана е и од страна на Правниот факултет во Кичево за изведување на настава по предметот Корпоративно право од вториот циклус на студии на насоката Деловно право.

По вработувањето во Правниот факултет во Кичево (со дисперзирани студиии во Битола и Струга) изведува настава од прв циклус студии по предметите Облигационо право и Стварно право, како и на втор циклус студии на насоката Граѓанско право, по предметите Облигационо право – полноважност на договори и надомест на штета и Корпоративно 

Членство и учество во факултетски и универзитетски органи и тела
Покрај наставната и наставно-научната дејност д-р Александра Патоска во два мандати била член на Универзитетски сенат при Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола (период 2007 – 2014 година), Член на Комисија за издавачка дејност при Универзитет „Св.Климент Охридски“-Битола (период 2010–2014 година), Член на Комисија за настава и наука при Универзитет „Св.Климент Охридски“ – Битола (период 2010–2014 година), Продекан за настава во Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи – Битола (период 2010–2014 година), Претседател на Комисија за издавачка дејност при Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи – Битола (период 2007 – 2014 година), Член на комисии во рамките на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи – Битола (Комисија за самоевалуација, Комисија за признавање кредити од II циклус студии, Комисија за следење и подобрување на квалитетот на наставата и др.), Член на Советот на докторски студии при ФАМИС – Битола, Секретар на Наставничкиот совет на II циклус на студии при ФАМИС – Битола. Редовен член е и на Друштвото за наука и уметност во Прилеп.

Научни и стручни трудови (селектирано)

  • Потребата од правна регулатива за правата и обврските на пациентите во Република Македонија - Зборник на трудови на ДНУ Прилеп, том 22/23 за 2006/07 г.
  • Промоција на правата на пациентите во Југоисточна Европа – Зборник на трудови на ДНУ Прилеп, том 22/23 за 2006/07 г.
  • Inostrane direktne investicije I tranizione ekonomije u novoj paradigmi - Меѓународен научен собир „Inostrani kapital kao factor razvoja zemalja u tranziciji“ - Економски факултет - Крагуевац, Р.Србија, 2008 година
  • Marketing strategic control as a tool of performance evaluation in the companies in transition countries – International conference on business and economy, Constantza- Romania, 2008
  • Меѓународната поделба на трудот во процеси на трансформација – Зборник на трудови ФАМИС – Битола, 2008 година
  • Скратувањето на административните процедури и трошоци значаен фактор во подобрување на бизнис климата во Република Македонија – Зборник на трудови ФАМИС – Битола, 2008 година
  • Inostrane direktne investicije u zemljama u tranziciji – излагање на Меѓународен научен собир „Inostrani kapital kao faktor razvoja zemalja u tranzicij– Економски факултет-Крагуевац – Р.Србија, 2009 година
  • Злоупотреба на правото во правниот систем на Република Македонија – Зборник на трудови ФАМИС – Битола, 2009 година
  • Ministry of public administration in the Republic of Macedonia : Necessity and Future Challenge in Health Reforms, paper presented at the 19th NISPAsee Annual Conference, Varna, Bulgaria, May 2011
  • The Economic Consequences of Public Administration Reforms in the Republic of Macedonia, paper presented at the Economy Business Symposium “Economic Development and Growth”, Conference Proceedings, 10th International Symposium, September 2011, Sunny Beach, Bulgaria. Трудот е објавен во меѓународно научно списание Journal of International Scientific Publication: Economy&Business,
  • Реформа здравоохранения в Рерспублике Македония: история и современное состояание -  Научно списание Управление здравоохранением, Vol.2, No.30, Институт за економија при Руската Академија на науки, Ломоносов, Москва, Руска Федерација.
  • Business-oriented Administrative Reform in Macedonia and European Countries: a Comparative Analysis, paper presented at the 20th NISPAsee Annual Conference, Ohrid, Macedonia, May 2012
  • The Instrument for Pre-accession Funds, Their Usage and Implementation: The Case of Macedonia, paper presented at the 21th NISPAsee Annual Conference, Belgrade, Serbia, May 2013

-Multi-national Companies and Transition Countries: a Macedonian Experience. Economy and Business International Conference, 1-5 September 2015, Elenite, Bulgaria,

  • Pension Systems Reform in Macedonia: Causes, Conditions and Benefits, paper presented at the Economy and Business International Conference, 1-5 September 2015, Elenite, Bulgaria
  • Услови што треба да ги исполнува меѓународнит договор за продажба. Трудот е презентиран на Шестата меѓународна научна конференција Можното, реалното и виртуелното, Европски Универзитет на РМ, Скопје, Република Македонија, 14 и 15 Септември 2016,
  • Public management efforts and some key socio-economic relationships in predominantly rural Counties in Croatia during IPARD period (2007-2013). Трудот е презентиран на Шестата меѓународна научна конференција Можното, реалното и виртуелното, Европски Универзитет на РМ, Скопје, Република Македонија, 14 и 15 Септември 2016
  • Правна рамка на одговорноста за еколошка штета во Република Македонија. - Седма меѓународна научна конференција Современи аспекти на циркуларната економија, Европски Универзитет на РМ, Скопје, Република Македонија, 13 Септември 2017
  • Јавниот менаџмент со јавниот отпад во локалните самоуправи: Базички искуства од САД . - Седма меѓународна научна конференција Современи аспекти на циркуларната економија, Европски Универзитет на РМ, Скопје, Република Македонија, 13 Септември 2017

 

Проекти

  • Local Government Capacities and Civil Organizations in Macedonia: Current States and Implications, research project participation in “Forms and Determinants of Development of Civil Dialogue” edited by Mariusz Wiktor Sienkiewicz, Lublin, Republic of Poland, 2015, Centre for Local Development Foundation, Published by Centre for Local Development Publishing,  ISBN: 978-83-932261-3-9 (print),  ISBN: 978-83-932261-4-6 (online). Проект реализиран од страна на Центарот за локален развој во соработка со Факултетот за политички науки на Marie Curie Sklodowska Универзитетот и градот Lubartow во Република Полска. Резултатите од проектот се презентирани на меѓународната конференција “Тhe International Scientific-Practical Conference: Civil Dialogue, Forms, Mechanisms, Barriers and Prospect of Development”. The conference is the completion of partnership project: "Turn up the dialogue". The program of cooperation between the self-government of Lubartów City and local communities for civil dialogue. The project is co-financed by the European Union under the European Social Fund, 2015.
  • Факултет за администрација и менаџмент на информациски системи-Битола, Проект: „Фактори/бариери кои го попречуваат развојот на мали и средни претпријатија - Осврт на трансакциските трошоци“, член на проектен тим од аспект на административните бариери за водење на бизнис во Република Македонија, Битола, 2013
  • Факултет за администрација и менаџмент на информациски системи-Битола, Проект: „Анализа и планирање на организациски промени за имлементација на информациски системи за менаџмент на знаење“, член на главен истражувачки тим, 2013

 

Учебници и учебни помагала
- Скрипта „Деловно право“ - издавач ФАМИС - Битола , 2008 година
- Учебник „Административни процедури“ издавач ФАМИС – Битола, 2010 година


Соопштенија

Ве

Адреса
Рудничка Б.Б, 6500 Кичево
Партизанска Б.Б, 7000 Битола
Владо Малески Тале 24, 6500 Струга
Правен факултет Кичево
Дисперзирани студии Битола и Струга
www.pfk.uklo.edu.mk
pfk@uklo.edu.mk
Телефони
045 220 267 - Кичево
047 221 115 - Битола
046 780 721 - Струга