Настани и случувања 26.10.2017
Настан - Иднината на ЕУ
 

На 30 октомври 2017 година, амбасадорот Самуел Жбогар ќе учествува на дебата во Центарот за култура - Битола за да разговара за предизвицитесо кои се соочува Европската Унија денеска. На дебатата "Иднината на Европската Унија 60 години од Римските Договори" ќе учествуваат амбасадорот Самуел Жбогар и Деканот на Правниот факултет, Проф. Д-р Горан Илиќ.

Датум: 30 октомври 2017 година
Место: Центар за култура - Битола


Дебатата ќе опфати три теми:

1. Држави – нации наспроти Обединета Европа на Нации
Актуелната политичка реалност во ЕУ, Брегзит, гласање за независност во Шкотска и Каталонија. Кој сака да биде внатре, а кој сака да биде надвор?

2. Дали Европската Унија е уморна од единство и дали го зема единството здраво за готово?
Демократијата и независноста се реалност за многу европски земји денеска, но ЕУ не го охрабрува појавувањето на нови независни држави на територијата на нејзините земји-членки. Дали државите- нации се во спротивност со европското единство и ја поткопуваат неговата иднина? Ако е така, кој ќе преживее, унијата или државата-нација?

3. Дали Европската Унија е подготвена да го прифати менувањето на нејзиниот лик?
Додекаевропскиотконтинентво XX векбешеподелен, во XXI векимамеобединетаЕвропскаУнија. Но, далитаа е подготвенадајаприфатисвојатаверска, расна и културнаразновидност.И далиразликатавоживотниотстандардмеѓусеверот и југоте причиназанезадоволство?

Модератор е Маја Трајковска, м-р по Европски студии, Лондонска школа за економија и политички науки.
Дискусијата ќе се одржи на англиски јазик.
Секој кој е заинтересиран за иднината на Европската Унија е добредојден да се приклучи.

 

Соопштенија
Настани и случувања
Меморандум за соработка

Настани и случувања
Трибина за родово заснованото насилство

Настани и случувања
Почеток на предавањата на втор циклус студии

Настани и случувања
Правна клиника - повик за учество

Настани и случувања
Нов Erasmus + договор

Настани и случувања
Настан - Уште поблиска Унија

Настани и случувања
Настан - Иднината на ЕУ

Настани и случувања
Меморандум за соработка со Црвен крст

Настани и случувања
Меморандум за соработка

Настани и случувања
Одбележувањето на Денот на Европа

Адреса
Рудничка Б.Б, 6500 Кичево
Партизанска Б.Б, 7000 Битола
Владо Малески Тале 24, 6500 Струга
Правен факултет Кичево
Дисперзирани студии Битола и Струга
www.pfk.uklo.edu.mk
pfk@uklo.edu.mk
Телефони
045 220 267 - Кичево
047 221 115 - Битола
046 780 721 - Струга