Настани и случувања 25.10.2017
Меморандум за соработка со Црвен крст
 

Меморандум за  соработка денеска потпишаа Правниот  факултет од Битола и Општинската организација на Црвен крст на Македонија. Оваа  соработка значи воспоставување на институционални односи за соработка во иднина, со цел да се продлабочат односите меѓу двете институции но и да се поттикнат студентите на хуманитарни активности и пошироко запознавање на она што значи организиран хуманизам.

Во рамки на потпишувањето на меморандумот за соработка, денеска  на Правниот факултет се одржа и заедничка трибина на тема Трговија на луѓе, трибина која се случува во рамки на одбележување на светскиот ден против трговија со луѓе кој се одбележува на 18 октомври. Идејата за организирање на оваа трибината е низ стручен аспект и општа дискусија да се продискутира оваа тема со цел да се подигне свеста на слушателите, препознавањето на начините преку кои младите можат да бидат вовлечени во трговијата со луѓе и нивната самозаштита, како и актуелизирање на темата пред медиумите.

На трибината учествуваа претставници од: Отсекот за превенција при Министерството за внатрешни работи, Одделението за илегална миграција и превенција и прекуграничен криминал (Граничната полиција), Локалната комисија за трговија со луѓе и илегална миграција при Општина Битола, Агенцијата за вработување на РМ – подрачно одделение Битола, Трудовиот инспекторат, Правниот факултет при Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола (наставен кадар и студенти), Адвокатската заедница од Битола, НВО Семпер и Црвен крст на РМ-Општинска организација Битола.

 

Соопштенија
Настани и случувања
Меморандум за соработка

Настани и случувања
Трибина за родово заснованото насилство

Настани и случувања
Почеток на предавањата на втор циклус студии

Настани и случувања
Правна клиника - повик за учество

Настани и случувања
Нов Erasmus + договор

Настани и случувања
Настан - Уште поблиска Унија

Настани и случувања
Настан - Иднината на ЕУ

Настани и случувања
Меморандум за соработка со Црвен крст

Настани и случувања
Меморандум за соработка

Настани и случувања
Одбележувањето на Денот на Европа

Адреса
Рудничка Б.Б, 6500 Кичево
Партизанска Б.Б, 7000 Битола
Владо Малески Тале 24, 6500 Струга
Правен факултет Кичево
Дисперзирани студии Битола и Струга
www.pfk.uklo.edu.mk
pfk@uklo.edu.mk
Телефони
045 220 267 - Кичево
047 221 115 - Битола
046 780 721 - Струга