Настани и случувања 31.01.2019
10 годишен јубилеј (2008 - 2018)
 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

На 27.12.2018 година (четврток) Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола го прослави својот 10 годишен јубилеј (2008 - 2018). На свеченоста беа доделени дипломите на дипломираните студенти од прв циклус, како и магистрираните студенти на вториот циклус студии. Исто така, беа доделени благодарници на Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, проф.д-р Сашо Коруновски; деканите на останатите единици при Универзитетот; поранешниот декан на Правниот факултет, проф.д-р Илија Тодоровски; сегашниот декан, вон.проф.д-р Горан Илиќ; како и на професори од Правниот факултет за нивната работа со студентите при симулирани судења (вон. проф. д-р Никола Тунтевски, доц. д-р Мирјана Ристовска и доц. д-р Ангелина Станојоска) и на координаторката на Правната клиника, асс. м-р Ивона Шушак. Воедно беше доделена и првата награда за есеј на студентката Невена Димовска.

На сите дипломирани и магистрирани студенти им посакуваме успех во кариерата.

 
Адреса
Рудничка Б.Б, 6500 Кичево
Партизанска Б.Б, 7000 Битола
Владо Малески Тале 24, 6500 Струга
Правен факултет Кичево
Дисперзирани студии Битола и Струга
www.pfk.uklo.edu.mk
pfk@uklo.edu.mk
Телефони
045 220 267 - Кичево
047 221 115 - Битола
046 780 721 - Струга