Разно 16.02.2015
Стипендии за меѓународна академска мобилност
 

Civil Society Scholar Awards (CSSA) стипендираат меѓународна академска мобилност со цел да им овозможат на докторантите и универзитетските кадри пристап до ресурси кои потпомагаат социјално ангажирани и критички истражувања.

Стипендиите се отворени за следниве академски профили:
- Докторанти од прифатените области, кои студираат на акредитирани универзитети во или надвор од нивната матична земја;
- Академски кадар со полно работно време, кои предаваат на универзитети во нивната матична земја;

Стипендијата поддржува краткотрајни, меѓународни академски проекти, како: теренска работа (собирање податоци); истражувачки посети на библиотеки, архиви или универзитети; развој на предмет/програма; меѓународни истражувачки соработки кои водат до рецензирани публикации.

Времетраење на проектот: од 2 до 10 месеци
Датум на реализација на проектот: 1 август 2015 – 31 август 2016 година
Дозволен максимум на барање за стипендирање: Докторанти: 10 000 долари; факултетски персонал: 15 000 долари.
Краен рок за аплицирање: 02.03.2015

За повеќе информации околу критериумите за аплицирање прочитајте ги деталните насоки и често поставувани прашања, во документите во прилог и на: www.opensocietyfoundations.org/grants/civil-society-scholar-awards-20141212


Контакт за дополнителни прашања:
Младински образовен форум – МОФ
Ул. Дренак 34 А, Кисела Вода
1000 Скопје, Македонија
Тел: +398 2 3139 692
Лице за контакт: Бојана Низамовска
email: aec@mof.org.mk

 
Адреса
Рудничка Б.Б, 6500 Кичево
Партизанска Б.Б, 7000 Битола
Владо Малески Тале 24, 6500 Струга
Правен факултет Кичево
Дисперзирани студии Битола и Струга
www.pfk.uklo.edu.mk
pfk@uklo.edu.mk
Телефони
045 220 267 - Кичево
047 221 115 - Битола
046 780 721 - Струга