Разно 31.12.2016
Настан - доделување на дипломи
 

Во амфитеатарот на Правниот факултет во Кичево вчера беше промовирана петтата генерација додипломци. На свеченоста студентите и гостите ги поздрави деканот на Правниот факултет, д-р Илија Тодоровски.
- Ова е врвот на процесот на вашето четиригодишно студирање и макотрпно учење во изминатите години. Вие бевте добра генерација од повеќе аспекти, како во процесот на учење така и од аспект на високата култура што ја манифестиравте. Нашето задоволство е што голем дел од вас се запишаа на вториот, а се надевам и на третиот циклус студии на нашиот факултет и очекуваме да продолжат во научнонаставната дејност - рече деканот Тодоровски.
На свеченоста им беа доделени благодарници на професорите Никола Тунтески и Ангелина Стојановска, како и на асистентката Ивона Шушак, кои им беа ментори на деветте студенти од овој факултет што го освоија првото место на натпреварот во симулирано судење од сите правни факултети во земјава, кој се одржа на 2 декември на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Студент на генерацијата 2013-2016 е Олгица Дејковска од Струга, која четиригодишните правни студии ги заврши со просек 9,92. Инаку, вчера беа промовирани вкупно 82 додипломци од Правниот факултет во Кичево.






 

 
Адреса
Рудничка Б.Б, 6500 Кичево
Партизанска Б.Б, 7000 Битола
Владо Малески Тале 24, 6500 Струга
Правен факултет Кичево
Дисперзирани студии Битола и Струга
www.pfk.uklo.edu.mk
pfk@uklo.edu.mk
Телефони
045 220 267 - Кичево
047 221 115 - Битола
046 780 721 - Струга