Втор циклус студии

Вториот циклус студии на Правниот факултет нуди можности за студирање на еден од трите модули, кои воедно ги претставуваат трите столба на правото, и тоа: Казнено право, Меѓународно право и Граѓанско право.

Универзитетските студии од втор циклустраат една година (два семестри) и на нив можат да се запишат студенти со завршени додипломски студии и стекнати 240 ЕКТС кредити. По завршувањето на вториот циклус студии, студентите се стекнуваат со 60 ЕКТС кредити и назив магистер на правни науки - соодветната насока (казнено, меѓународно или граѓанско право).

Стручните правни (дипломски) студии траат една година (два семестри) и на нив може да се запишат студенти кои завршиле тригодишни студии од прв циклус и се стекнале со 180 ЕКТС кредити. Со завршувањето на стручните дипломски студии, студентите се стекнуваат со 60 ЕКТС кредити и назив - дипломиран правник.

Стручните правни (постдипломски) студии траат две години (четири семестри) и на нив може да се запишат студенти кои завршиле тригодишни студии од прв циклус и се стекнале со 180 ЕКТС кредити. Со завршувањето на стручните постдипломски студии, студентите се стекнуваат со 120 ЕКТС кредити и назив - магистер по право - соодветната насока (казнено, меѓународно или граѓанско право).

Елаборати