Клуб Titus Flavius Orestes

Клубот Titus Flavius Orestes е формиран во мај 2017 година, како иницијатива на дел од наставниот кадар и студентите. Неговата првична цел беше учеството на Регионалниот moot court натпревар FUTURA 2017, за потоа да биде донесена одлука за негова постојаност. Преку формирањето и развојот на овој клуб, на студентите ќе им се овозможи учество на национални, регионални и меѓународни moot court натпревари од различни области на правото. На таков начин, нашите студенти, ќе можат да ја почувствуваат вистинската страна на правничката професија.

Контакт:
E-mail:
angelina.stanojoska@uklo.edu.mk
angiest22@gmail.com
mimaristovska@yahoo.co.uk

Досегашни учества на moot court натпревари и студенти кои биле и се дел од Клубот.

Тит Флавиј Орест (Titus Flavius Orestes) бил правосвештеник (два пати), добротвор и угледен граѓанин на градот Хераклеја Линкестис, каде е пронајдена негова мермерна статуа. Истата била поставена на Портикот на судницата, заедно со статуата на божицата на правдата и судбината Немеза (Nemesis), како и постаментот за статуа, најверојатно, посветен на врховниот бог Зевс. Мермерна статуа на Тит Флавиј Орест е пронајдена и во Стибера, каде живеел одреден период.