Разно
06.09.2019
 

Оглас за пријавување на кандидати за членови и председател на Факултетско студентско собрание

О Г Л А С

за пријавување на кандидати за членови и претседател на Факултетското студентско собрание

Се распишува Оглас за избор на:

8 (осум) кандидати за членови на Факултетското студентско собрание и за претседател на Факултетското студентско собрание на Правен факултет – Кичево

Услови: Право да бидат избрани за членови на факултетското студентско собрание имаат сите студенти на Факултетот, кои што се запишани на студии во академската 2018/2019 година. Право да бидат избрани за претседател на Факултетското студентско собрание имаат сите студенти на Факултетот од редот на редовните студенти на Факултетот, кои што се запишани на студии во учебната година во која се избира претседателот. Претседателот на Факултетското студентско собрание е член на Факултетското студентско собрание по функција. Едно лице има право да конкурира само за една од наведените позиции.

 

Како доказ за статусот студент кандидатите доставуваат потврда за студент издадена од службата за студентски прашања на Факултетот, издадена по објавувањето на овој оглас.

 

Кандидатите за претседател на Факултетското студентско собрание доставуваат и програма за работа.

Изборната комисија утврдува дали пријавените кандидати по објавениот оглас ги исполнуваат условите и врз основа на тоа ги изготвува избирачките ливчиња и останатиот избирачки материјал. Листата на кандидати се објавува на web страната на Факултетот, по азбучен редослед на презимињата на кандидатите.

Изборот на членовите и претседател на Факултетското студентско собрание се спроведува преку тајно и непосредно гласање од студентите на факултетот кое ќе се одржи на ден 27.09.2019 година од 09:00 до 13:00 часот во просториите на Правен факултет во Кичево     (и во просториите на дисперзираните студии во Битола и во Струга).

 

Мандатот на членовите на Факултетското студентско собрание трае една година со право на уште еден избор. Мандатот на претседателот е една година, со право на уште еден избор.

Огласот трае 7 (седум) дена од објавувањето и се објавува на огласната табла и веб страната на Факултетот.

 

Кандидатите поднесуваат: пријава со назнака дали се однесува за член на факултетско студентско собрание или за претседател на Факултетско студентско собрание, кратка биографија, потврда за студент издадена од службата за студентски прашања на Факултетот, издадена по објавувањето на овој оглас, а кандидатите за претседател доставуваат и програма за работа.

 

Пријавите се доставуваат до Правен факултет - Кичево, по пошта на адреса ул.”Рудничка” бб. – 6.250 Кичево или лично во архивата на Факултетот до Изборната комисија за спроведување на изборите, најдоцна до 12.09.2019 година.

Линк од решение

 
Останати настани