Настани и случувања
13.09.2018
 

Повик за учество во работата на ПРАВНАТА КЛИНИКА ЗА АКАДЕМСКАТА 2018/2019 година

за учество во работата на ПРАВНАТА КЛИНИКА за академската 2018/2019 година

Ви нудиме:

  • Бегство од стандардната рутина на теоретското образование
  • Стекнување на практични знаења и совладување на правничките вештини, под надзор на професори и експерти
  •  Усвојување на стандардите на правниот професионализам и правнната етика;
  • Работа во мали групи со примена на интерактивни методи ;
  • Апликативна примена на претходно стекнатите знаења  на конкретни случаи.

 

 Очекуваме од Вас:

                  ·  Да сте отворени за нови идеи и тимска работа;

                  ·  Да сте подготвени за реализација на сите поставени задачи.

 

  • Право на учество има секој студент кој е II или III година од студиите на прв циклус или студент на втор циклус на студии;
  • Во работата на Правната клиника ќе учествуваат вкупно 20 студенти/ки.
  • После успешно завршената обука и работата со клиенти, студентите ќе добијат сертификат како доказ за стекнатата обука и доброволната работа во локалната заедница, кој воедно ќе носи и 2 ЕКТС кредити.

 

На конкурсот можете да се пријавите со пополнување на пријавниот лист и негово испраќање на pravnaklinika@uklo.edu.mk.

Последен ден за пријава е 30/09/2018 година.

НАПОМЕНА: Студентите кои учествуваа во работата на Клиниката претходната академска година НЕМА ПОТРЕБА ПОВТОРНО ДА СЕ ПРИЈАВУВААТ.

Резултатите од  конкурсот ќе бидат објавени на web страната на  Факултетот.

Пријавен лист

 
Останати настани