Настани и случувања
24.10.2018
 

Повик за учество во клубот Titus Flavius Orestes и moot court натпревари за симулации на процеси пред Европскиот суд за човекови права

Ги повикуваме сите заинтересирани студенти да се пријават за учество во клубот “Titus Flavius Orestes” и на moot court натпревари за симулации на процеси пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Клубот „Titus Flavius Orestes” ќе го претставува факултетот на VIIIFUTURA moot court натпревар кој ќе се одржи во текот на 2019 година, но и на pre-moot court натпревари.

 

Право на пријавување имаат студенти од втора и трета година на прв циклус студии, како и студенти запишани на втор циклус студии.

 

Пријавувањето на студенти е до 04.11.2018 година (23:59 часот), со испраќање CV на e-mail: angelina.stanojoska@uklo.edu.mk

 

Избраните студенти ќе бидат информирани најдоцна до 08.11.2018 година.

 
Останати настани