Настани и случувања
16.11.2017
 

Правна клиника - повик за учество

Повик за учество во работата на ПРАВНАТА КЛИНИКА за академската 2017/2018 година

Правната клиника Ви нуди:

  • Бегство од стандардната рутина на теоретското образование
  • Стекнување на практични знаења и совладување на правничките вештини, под надзор на професори и експерти
  •  Усвојување на стандардите на правниот професионализам и правната етика;
  • Работа во мали групи со примена на интерактивни методи ;
  • Апликативна примена на претходно стекнатите знаења  на конкретни случаи.

 Очекуваме од Вас:

                  ·  Да сте отворени за нови идеи и тимска работа;

                  ·  Да сте подготвени за реализација на сите поставени задачи.

 

  • Право на учество има секој студент кој е II или III година од студиите на прв циклус или студент на втор циклус на студии;
  • Во работата на Правната клиника ќе учествуваат вкупно 30 студенти/ки.
  • После успешно завршената практична работа, студентите ќе добијат сертификат како доказ за стекнатата обука и доброволната работа во локалната заедница, кој воедно ќе носи и 2 ЕКТС кредити.

На повикот можете да се пријавите со пополнување на пријавниот лист и негово испраќање на pravnaklinika@uklo.edu.mk.

Последен ден за пријава е 30/11/2017 година.
Резултатите од  повикот ќе бидат објавени на web страната на  Факултетот.

 
Останати настани