Настани и случувања
10.12.2018
 

Гостување на амбасадорот на Кралството Шпанија

На 30.11.2018 година (петок), на Правниот факултет (Битола), предавање на тема „40 години од Шпанскиот Устав“ одржа Н.Е. Амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Македонија, д-р Емилио Лорензо Сера. Предавањето беше одлична можност нашите студенти да се запознаат со процесот на донесување на Уставот на Кралството Шпанија од 1978 година, но и да чујат повеќе за врските на Битола со Евреите од Шпанија. 

 
Останати настани