Настани и случувања
22.10.2018
 

VII FUTURA Regional Moot Court натпревар

Од 12.10-15.10.2018 година, во Битола, во организација на Civil Rights Defenders се одржа VII FUTURA Regional Moot Court за симулации на судски процеси пред Европскиот Суд за човекови права. На свеченото отворање свое обраќање имаа ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, проф.д-р Сашо Коруновски, Претседателот на Основниот суд во Битола, г-дин Дејан Крстанов, како и адвокатот д-р Никола Главинче. Натпреварите се одржуваа во Основниот суд во Битола, а за првото место се бореа 8 Правни факултети од 3 земји од регионот (Битола, Штип, Крагујевац, Бања Лука, Мостар, Зеница, Тузла, Травник).

Студентите од клубот Titus Flavius Orestes од Правниот факултет, УКЛО - Битола (апликант: Невена Димовска, Мерита Шахин и Мартин Трајковски; респондент: Наталија Василевска, Никола Ристевски и Ивана Марковска) под менторство на доц.д-р Ангелина Станојоска и доц.д-р Мирјана Ристовска, меѓу 8 Правни факултети учесници ги освои следните награди:

1. Најдобар писмен поднесок на апликантот;

2. Најдобар писмен поднесок на респондентот (државата);

3. Прво место во групата Б;

4. Трето место во генералниот пласман по полуфиналните мечеви.

Ваквиот тип натпревари е важен за нашите студенти, бидејќи се запознаваат со Европската Конвенција за заштита на човековите права, механизмот за нивна заштита, како и начинот на работа на Европскиот суд за човековите права во Стразбур. Ние ќе продолжиме со учеството на вакви натпревари, бидејќи важен ни е добробитот на нашите студенти и нивното знаење. – велат од Правниот факултет во Битола.

 
Останати настани