Настани и случувања
07.05.2019
 

Pre-moor court натпревар за човекови права

Студентите од клубот Titus Flavius Orestes, од 03.05 - 05.05.2019 година учествуваа на pre moot court натпреварот за човекови права кој се одржа во Ниш, Република Србија, во организација на тамошниот Правен факултет. На натпреварот учество зедоа шест екипи од регионот, и истиот претставува добра подготовка за FUTURA натпреварот кој ќе се одржи во октомври оваа година. Нашите студенти (Џули Шутеска, Викторија Дамеска и Димитар Врглевски - апликант, и Дарко Фармакоски, Златко Мариноски и Влатко Трповски - респондент) во групата А остварија две победи во двата натпревари, додека во мечот за третото место, една победа и еден пораз. Студентите работеа под менторство на доц.д-р Ангелина Станојоска и доц.д-р Мирјана Ристовска.

 
Останати настани