Menu Close

12ти Меѓународен пролетен курс

Во периодот од 08.03 – 14.03.2020 година во Дубровник (Република Хрватска), вон. проф. д-р Ангелина Станојоска и три студентки (Невена Димовска, Мерита Шахин и Ивана Марковска) од Moot Court клубот Titus Flavius Orestes од Правниот факултет, учествуваа на 12тиот по ред Меѓународен пролетен курс “CRIME PREVENTION THROUGH CRIMINAL LAW & SECURITY STUDIES” во организација на Правниот факултет од Загреб, Макс Планк Институтот за истражување на криминалот, безбедноста и правото од Фрајбург и Интеруниверзитетскиот центар во Дубровник. Овогодинешната тема на курсот беше “CRIMINAL LAW, RELIGION AND SECURITY”, додека вон. проф. д-р Ангелина Станојоска одржа предавање на тема: “Hate Crimes as Acts of Perception on Faith and Belonging”. Во рамките на курсот се одржа и 4тиот Adriatic Moot Court натпревар, во кој по прелиминарните мечеви, студентката Мерита Шахин се пласира во финалето.