Menu Close

Testing Agnew’s General Strain Theory Among Incarcerated Women in the Republic of North Macedonia

Почитувани, задоволство ни е да ја информираме јавноста дека во меѓународното научно списание International Annals of Criminology објавен е научниот труд “Testing Agnew’s General Strain Theory Among Incarcerated Women in the Republic of North Macedonia” на вон. проф. д-р Ангелина Станојоска и нашата поранешна студентка м-р Јулија Јуртоска, кој беше…

6ти КОРОНА Дијалози

На 10.06.2020 година (среда) во организација на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржаа шестите по ред Корона дијалози на тема: „Криминолошките и криминалистички влијанија од глобалната пандемија“ на која говореа професорот Горазд Мешко од Универзитетот во Марибор, професорот Крунослав Боровец од Високата полициска школа во Загреб, професорот Неџад Корајлиќ…

Корона дијалози

На 27.05.2020 година во 20.00 часот се одржа серијалот КОРОНА ДИЈАЛОЗИ за влијанието на пандемијата врз општественото живеење и секојдневните текови.Темата се однесуваше на „Влијанието на новите политички и правни предизвици од пандемијата“ на која говореа д-р Мирјана Лазарова Трајковска врховен судија на РСМ, проф. д-р Цане Мојаноски, проф. д-р…

Виртуелна тркалезна маса

Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, во соработка со Mediterranea Меѓународниот центар за истражување на човековите права при Универзитетот Реџо Калабрија, Италија,  на 07.05.2020 година одржа виртуелна тркалесна маса на тема: „Човековите права во време на коронавирусот: Криминално однесување, владеење на правото и демократија“.На тркалезната маса свои…

12ти Меѓународен пролетен курс

Во периодот од 08.03 – 14.03.2020 година во Дубровник (Република Хрватска), вон. проф. д-р Ангелина Станојоска и три студентки (Невена Димовска, Мерита Шахин и Ивана Марковска) од Moot Court клубот Titus Flavius Orestes од Правниот факултет, учествуваа на 12тиот по ред Меѓународен пролетен курс “CRIME PREVENTION THROUGH CRIMINAL LAW &…

Експертска дебата на тема

Институтот за човекови права на 17.12.2019 година (вторник) организираше експертската дебата на тема „Дали новите реформи ќе ги решат старите предизвици во судството?“ на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола.Целта на настанот беше да се поттикне сеопфатна дебата за измените на Законот за Судски совет и Законот…

Борба против родово заснованото насилство

На 03.12.2019 (вторник) во организација на НУ Универзитетската библиотека “Св. Климент Охридски” – Битола, Правниот факултет при УКЛО – Битола и Општина Битола се одржа настан во рамките на 16 дена активизам за борба против родово заснованото насилство. Говорнички од Правниот факултет беа доц. д-р Ангелина Станојоска и асс. м-р…

Членството во НАТО како гаранција за сигурна иднина на младите

На 02.12.2019 (понеделник) на Правниот факултет (Битола) се одржа настанот “Членството во НАТО како гаранција за сигурна иднина на младите” на кој говореше Проректорот вон. проф. д-р Марјан Ѓуровски.Целта на настанот беше да се поттикне аргументирана дебата за придобивките од евроатлантските интеграции и зачленувањето на Република Северна Македонија во НАТО.

Гласот на студентите

“Гласот на студентите” серијата на директни средби на Проректорот Ѓуровски отпочнаа од Правниот факултет на УКЛО Битола.Денеска 27.11.2019 во согласност со Законот за високото образование и Статутот на УКЛО, Универзитетот „Св. Климент Охридски од Правниот факултет отпочна со проектот “Гласот на студентите” кој има за цел преку директен пристап и…

Форум за успешно наследување на семејни бизниси во Македонија

На 21 и 22 ноември во Х. Милениум Битола се одржа „Форумот за успешно наследување на семејни бизниси во Македонија“ во организација на ЦЕФЕ Македонија. Професор д-р. Александра Патоска од Правниот Факултет во Битола говореше за наследувањето на семејните бизниси по законски пат. Присутните студенти од Правниот факултет активно учествуваа…

ДЕНОВИ НА СИМУЛИРАНО СУДЕЊЕ

Тимот студенти од Правниот факултет – УКЛО, денес се дел од петтите по ред ДЕНОВИ НА СИМУЛИРАНО СУДЕЊЕ.Студентите имаа ексклузивна можност да се консултираат со резидентниот правен советник на САД – Chelsea Schinnour, како и да учествуваат на дебата со амбасадорката на САД Kate M. Burns.

Одбележан светскиoт ден на науката со свечена седница на Kомисијата за наука и меѓународна соработка

УКЛО го одбележа Светскиoт ден на науката со свечена седница на Kомисијата за наука и меѓународна соработка. Оваа година светскиот научен ден за мир и развој се одвиваше под мотото „Отворена наука, за сите“(“Open Science, leaving no one behind”). Своите научни постигнувања ги претстави и доц. д-р Ангелина Станојоска, добитник…

Стручен форум на тема „Говор на омраза и концептот злосторства од омраза: Дела на перцепција и задолжителен социјален конформизам?“

На 11.11.2019 година, Правниот факултет во соработка со НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, организираше научно – стручен форум на тема „Говор на омраза и концептот злосторства од омраза: Дела на перцепција и задолжителен социјален конформизам?“. На форумот учествуваа професори од Правниот факултет, преставници на Хелсиншкиот Комитет за човекови права…

Обука за човекови права

На 04.11.2019 (понеделник) на Правниот факултет во Битола започна шестдневната обука за човекови права (која ќе трае до 09.11.2019) со предавање на г-ѓа Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во ЕСЧП и сегашна потпретседателка на Уставниот суд на БиХ. Обуката за човекови права на 05.11.2019 година (вторник) продолжи со предавањето на…

Учествуво на VIII FUTURA Moot Court натпревар за симулации на процеси пред Европскиот суд за човекови права

Moot Court Клубот “Titus Flavius Orestes” на учествуваше на VIII FUTURA Moot Court натпревар за симулации на процеси пред Европскиот суд за човекови права кој во организација на Civil Rights Defenders од 18.10 – 21.10.2019 година, се одржа во Вршац, Република Србија.Во натпреварите по групи, Titus Flavius Orestes се натпреваруваше…

Симулација на судски процес пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур

На 14.10.2019 година (понеделник) на Правниот факултет (Битола) во организација на Moot Court Клубот “Titus Flavius Orestes” се одржа симулација на судски процес пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур. На симулацијата гости беа нашите пријатели од Правниот факултет во Ниш.

Предавања на Балканскиот летен универзитет

Доц. д-р Ангелина Станојоска (EU CEAS and its impact on regional cooperation in the Balkan EU candidate countries) и доц. д-р Мирјана Ристовска ( Regional cooperation as a conditio sine qou non for Western Balkan’s EU Integration) 10.09 и 11.09.2019 имаа свои предавања на Балканскиот летен универзитет кој од 10.09…

Гостување на Министерот за образование и наука на Р.Бугарија- Господин Красимир Влчев

Министерот за образование и наука на Р.Бугарија- Господин Красимир Влчев, имаше свое гостување на Правниот факултет во Битола, во рамките на настанот организиран од Општина Битола: ОБРАЗОВАНИЕТО И ПЕРСПЕКТИВИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ ПАТ НА МАКЕДОНИЈА.Тој заедно со своите соработници од Министерството, како и од дирекцијата за високо образование и наука на…

Втор експертски семинар организиран од страна на г-динот Франсоа Лафонд и Амбасадата на Република Франција во Скопје.

Деканот на Правниот факултет, проф. д-р Горан Илиќ, и продеканката за настава, доц. д-р Мирјана Ристовска, на 23.05.2019 година, учествуваа на вториот експертски семинар организиран од страна на г-динот Франсоа Лафонд и Амбасадата на Република Франција во Скопје.

Научна конференција „Сто години Версајски договор“

Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, во соработка со Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола, беа организатори на научната конференција „Сто години Версајски договор“, која се одржа во НУУБ „Св. Климент Охридски“ на 16.05.2019 година. На конференцијата, во вториот панел, свои презентации има деканот, проф.д-р Горан…

Конференција на тема „Кон подобра иднина: Демократија, ЕУ интеграции и криминална правда“

Од 10.05. – 12.05.2019 година, во организација на Правниот факултет, се одржа меѓународната научна конференција на тема „Кон подобра иднина: Демократија, ЕУ интеграции и криминална правда“. На отворањето на конференцијата свои обраќања имаа ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Сашо Коруновски, деканот на Правниот факултет, проф.д-р…

Презентација од Одделот за криминалистичко технички вештачења

Денес на Правниот факултет во Битола презентацијата и показната вежба одржа м-р Костадин Иванов, претставник од Одделот за криминалистичко-технички вештачења кои работат на полиграфски тестирања.Студентите имаа можност теоретски и практично да се запознаат со методите и техниките на работа со полиграф.

Titus Flavius Orestes на pre moot court натпревар за човекови права во Ниш, Република Србија

Студентите од клубот Titus Flavius Orestes, од 03.05 – 05.05.2019 година учествуваа на pre moot court натпреварот за човекови права кој се одржа во Ниш, Република Србија, во организација на тамошниот Правен факултет. На натпреварот учество зедоа шест екипи од регионот, и истиот претставува добра подготовка за FUTURA натпреварот кој…

Образовно рандеву 2019 Кичево

Правниот факултет – Кичево денес учествува на Образовно рандеву 2019 Кичево. На настанот учествуваа средни училишта од државата, како и факултети од повеќе универзитети. Правниот факултет на овој настан ќе ја презентира програмата во сите насоки на факултетот на прв, втор и трет циклус студии.

Трибина на тема „Говор на омраза“

На 10.04.2019 година (среда) на Правниот факултет во Битола се одржа трибина на тема „Говор на омраза“ на која гости беа ученици од средните училишта во Битола. На настанот, на присутните им се обрати деканот, вон.проф.д-р Горан Илиќ, додека свои излагања имаа доц.д-р Ангелина Станојоска и асс.м-р Ивона Шушак. Исто…

Студиски престој на асс. м-р Ивона Шушак на Правниот факултет при Универзитетот во Пловдив, Република Бугарија

Во рамките на можностите кои ги нуди Програмата Еразмус +, а согласно потпишаните договори за соработка, во периодот од 01-ви до 05-ти април, асс. м-р Ивона Шушак реализира студиски престој на Правниот факултет при Универзитетот во Пловдив, Република Бугарија.За време на престојот се остваруваат средби на различни нивоа, при што…

Предавање на тема „Безбедно на интернет“

На 03.04.2019 година (среда) на Правниот факултет во Кичево се одржа предавање на тема „Безбедно на интернет“.Предавањето пред учениците од Центарот за средно образование го одржаа Вонреден проф. д-р Светлана Вељановска и асс. м-р Пакиза Туфекџи.Средношколците беа информирани за предизвиците кои ги нуди интернетот, опасностите и начините на заштита од…

Предавање од припадници на Одделот за криминалистичка техника при СВР Битола

Во рамките на студиската програма по предметот Криминалистика за студентите на вториот циклус, на 29.03.2019 година (петок), предавање одржаа припадници на Одделот за криминалистичка техника при СВР Битола. На предавањето за криминалистика регистрација и идентификација, на студентите, практично им беше прикажано како се предизвикуваат и подигаат отпечатоци од папиларни линии…

Црвен крст гости на Правниот факултет во Битола

Претставници од Општинската организација на Црвен крст беа денешни гости на Правниот факултет во Битола.Студентите имаа можност да се запознаат со ВИЗИЈАТА и МИСИЈАТА на оваа организација и да ги добијат сите потребни информации околу нивното евентуално вклучување во големиот број на активности.Правниот факултет и Црвен крст, Општинска организација-Битола и…

Работилница на тема „Насилство меѓу врсниците“

На 04.03.2019 година (понеделник) на Правниот факултет во Битола се одржа работилница на тема „Насилство меѓу врсниците“ на која учесници беа ученици од СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола. На работилницата свои обраќања имаа асс.м-р Ивона Шушак и доц.д-р Ангелина Станојоска, додека со учениците работеа и студенти од Правната клиника.

Предавање на тема: “Between Re-foundation and stagnation: the European Union in 2019”

На 20.02.2019 година (среда) со почеток во 11 часот на Правниот факултет во Битола, свое предавање на тема: “Between Re-foundation and stagnation: the European Union in 2019” одржa г-динот Francois Lafond, советник на Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, г-дин Бујар Османи.