Menu Close

Експертска дебата на тема

Институтот за човекови права на 17.12.2019 година (вторник) организираше експертската дебата на тема „Дали новите реформи ќе ги решат старите предизвици во судството?“ на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола.

Целта на настанот беше да се поттикне сеопфатна дебата за измените на Законот за Судски совет и Законот за судови како и предизвиците со кои се соочува судството. Дали т.н. „ветинг“ во судството ќе ги реши или ќе ги продлабочи проблемите, како да се врати довербата на граѓаните во судството и како да се зајакне улогата која Судскиот совет ја има во однос на обезбедување на независноста на судството.

На настанот учествуваа претседатели на судови, судии и стручна служба од судовите под Апелационото подрачје Битола, претставници на Судскиот совет, професорската фела, поранешни судии, адвокати и претставници на невладини организации.

Настанот е дел од проектот „Акција за поголема транспарентност, отчетност и ефективност на работата на Судскиот совет на РМ“ кој е финансиски подржан од Британската Амбасада Скопје, а повеќе детали за проектот се достапни на веб страната на ИЧП http://www.ihr.org.mk/project.php?pid=357.