Menu Close

Форум за успешно наследување на семејни бизниси во Македонија

На 21 и 22 ноември во Х. Милениум Битола се одржа „Форумот за успешно наследување на семејни бизниси во Македонија“ во организација на ЦЕФЕ Македонија. Професор д-р. Александра Патоска од Правниот Факултет во Битола говореше за наследувањето на семејните бизниси по законски пат. Присутните студенти од Правниот факултет активно учествуваа во дискусијата поврзна со идентификување на политики и активности кои што ќе го олеснат процесот на наследување на бизнисот, пренесување на капиталот, како и негов раст и интернационализација.