Menu Close

Гласот на студентите

“Гласот на студентите” серијата на директни средби на Проректорот Ѓуровски отпочнаа од Правниот факултет на УКЛО Битола.
Денеска 27.11.2019 во согласност со Законот за високото образование и Статутот на УКЛО, Универзитетот „Св. Климент Охридски од Правниот факултет отпочна со проектот “Гласот на студентите” кој има за цел преку директен пристап и давање поддршка на студентите на УКЛО, да се овозможи остварување на заедничките интереси како партнери во процесот на високото образование.

На иницијатива на проректорот за студентски работи на УКЛО и Институционален Еразмус + координатор проф.д-р Марјан Ѓуровски се оствари средба со студентите на Правниот факултет на која присуствуваше Деканот проф.д-р Горан Илиќ каде се разговараше за следниве активности кои ќе следат во наредниов период.

Состанок на Правниот факултет на Проректорот Ѓуровски и Деканот Илиќ со студентите од сите години на студирање од оваа високо образовна институција, претседателот, заменик претседателот и членовите на ФСС се разговараше за учеството на студентите во управувањето, работата и надлежностите на заменик студентскиот правобранител и др.