Menu Close

Конференција на тема „Кон подобра иднина: Демократија, ЕУ интеграции и криминална правда“

Од 10.05. – 12.05.2019 година, во организација на Правниот факултет, се одржа меѓународната научна конференција на тема „Кон подобра иднина: Демократија, ЕУ интеграции и криминална правда“. На отворањето на конференцијата свои обраќања имаа ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Сашо Коруновски, деканот на Правниот факултет, проф.д-р Горан Илиќ, и раководителката на Центарот за научно – истражувачка работа на Правниот факултет, доц.д-р Ангелина Станојоска. (фотографии од свеченото отворање)