Menu Close

Обука за човекови права

На 04.11.2019 (понеделник) на Правниот факултет во Битола започна шестдневната обука за човекови права (која ќе трае до 09.11.2019) со предавање на г-ѓа Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во ЕСЧП и сегашна потпретседателка на Уставниот суд на БиХ.

Обуката за човекови права на 05.11.2019 година (вторник) продолжи со предавањето на доц. д-р Ангелина Станојоска за Правото на слобода и сигурност од членот 5 и Забраната за дискриминација од членот 14 од ЕКЧП, како и Протоколот 12 кон Конвенцијата.

Обуката за човекови права на 06.11, 07.11 и 08.11.2019 година, продолжи со предавањата на доц. д-р Мирјана Ристовска за Правото на почитување на приватниот и семејниот живот од членот 8 од ЕКЧП и на г-дин Себастијан Ботро-Бонтер за Правото на живот од членот 2 и Забраната на мачење од членот 3 од ЕКЧП.

На 09.11.2019 година (сабота) заврши Обуката за човекови права со предавањето на м-р Ирена Цуцулоска – Јакимовска од Канцеларијата на Советот на Европа во РСМ и м-р Ана Фуна од Бирото за застапување на РСМ пред ЕСЧП. Предавањето се однесуваше на Правото на правично судење од членот 6 од ЕКЧП и на извршувањето на судските пресуди.