Menu Close

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
УНИВЕРЗИТЕТ,,СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ” – БИТОЛА
ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ – КИЧЕВО

Бр. 02 – 248 / 1
29.05.2020 година
К И Ч Е В О

Врз основа на член 110 став 1 точка 21 од Законот за високото образование (Службен весник на РМ бр. 82/2018 година), во врска со член 2 став 1 од Уредбата со законска сила за примена на Законот за високото образование за време на вонредна состојба (Службен весник на РСМ бр. 76/2020) и член 2 став 1 од Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примената на Законот за високото образование за време на вонредна состојба (Службен весник на РСМ бр. 134/2020), Наставно – научниот совет на Правен факултет – Кичево, на ден 29.05.2020 година, ја донесе следната:

О Д Л У К А

за спроведување на полагање на колоквиуми и испити на прв, втор и трет циклус студии по редовен пат односно со физичко присуство на наставниците, соработниците и студентите во согласност со Распоредот за полагање на Правен факултет – Кичево и Студентскиот календар на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола

Член 1
Се утврдува начинот за спроведување на полагање на колоквиуми и испити на прв, втор и трет циклус студии по редовен пат односно со физичко присуство на наставниците, соработниците и студентите во согласност со Распоредот за полагање на Правен факултет – Кичево и Студентскиот календар на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Член 2
По исклучок поради оправдани причини полагањето може да биде спроведено и по електронски пат (on line).

Како оправдани причини се сметаат следните:

  • Студенти чие место на живеење е подалеку од 50 км од местото каде што истите се запишани на правни студии на Правниот факултет – Кичево со дисперзирани студии во Битола и Струга одноцно во Кичево, Битола или Струга;
  • Студенти кои имаат хронични болести (приложуваат медицинска белешка од доктор специјалист);
  • Студенти кои се мајки на деца до 10 годишна возраст (приложуваат Извод од матичната книга на родените од детето);
  • Студенти кои се наоѓаат во самоизолација (приложуваат Потврда за изречена мерка за самоизолација).

Член 3
Поради опрвданите причини наведени во член 2 студентот е должен во најкус временски рок да поднесе Барање до предметниот наставник кој треба да одобри  закажување на термин за полагање по електронски пат во рамки на колоквиумската недела при полагање на колоквиуми или во рамки на испитната сесисија при полагање на испити.

Член 4
При спроведување на полагањето на колоквиуми или испити по електронски пат предметниот наставник пред почетокот на полагањето на колоквиумите или испитите треба да ги информира студентите дека полагањето може да се снима поради евиденција на истото.

Во рок од 3 (три) дена по завршувањето на полагањето по електронски пат предметниот наставник задолжително доставува писмен Извештај до Деканатската управа на Правен факултет – Кичево со јасно наведување на студентите кои полагале на таков начин, оправданите причини поради кои е дозволено полагањето по електронски пат, дигиталната платформа која се користела при спроведување на полагањето и начинот на испитување (усно или писмено).

Член 5
При спроведувањето на испитите и колоквиумите задолжително да се почитуваат важечките мерки и протоколи за спречување на ширење на Covid-19, донесени од Владата на Република Северна Македонија и Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

Член 6
Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето.

Доставено до:

  • огласна табла;
  • web страна на Факултетот;
  • сите наставници и соработници;
  • Претседателот на ФСС на ПФК.

Декан,
Вон. Проф. Д-р Горан Илиќ