Menu Close

Предавање од припадници на Одделот за криминалистичка техника при СВР Битола

Во рамките на студиската програма по предметот Криминалистика за студентите на вториот циклус, на 29.03.2019 година (петок), предавање одржаа припадници на Одделот за криминалистичка техника при СВР Битола. На предавањето за криминалистика регистрација и идентификација, на студентите, практично им беше прикажано како се предизвикуваат и подигаат отпечатоци од папиларни линии на различни видови површини.