Menu Close

Стручен форум на тема „Говор на омраза и концептот злосторства од омраза: Дела на перцепција и задолжителен социјален конформизам?“

На 11.11.2019 година, Правниот факултет во соработка со НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, организираше научно – стручен форум на тема „Говор на омраза и концептот злосторства од омраза: Дела на перцепција и задолжителен социјален конформизам?“. На форумот учествуваа професори од Правниот факултет, преставници на Хелсиншкиот Комитет за човекови права и Коалицијата Маргини, како и од државните органи.