Menu Close

Студиски престој на асс. м-р Ивона Шушак на Правниот факултет при Универзитетот во Пловдив, Република Бугарија

Во рамките на можностите кои ги нуди Програмата Еразмус +, а согласно потпишаните договори за соработка, во периодот од 01-ви до 05-ти април, асс. м-р Ивона Шушак реализира студиски престој на Правниот факултет при Универзитетот во Пловдив, Република Бугарија.

За време на престојот се остваруваат средби на различни нивоа, при што се дискутирани прашања за повеќе заеднички активности.

Денес, асс. м-р Шушак одржа и свое предавање пред студентите на овој факултет. Предавањето беше оценето како исклучително успешно и иновативно, со што уште еднаш се потврди квалитетот на академскиот кадар со кој располага Правниот факултет.