Menu Close

Учествуво на VIII FUTURA Moot Court натпревар за симулации на процеси пред Европскиот суд за човекови права

Moot Court Клубот “Titus Flavius Orestes” на учествуваше на VIII FUTURA Moot Court натпревар за симулации на процеси пред Европскиот суд за човекови права кој во организација на Civil Rights Defenders од 18.10 – 21.10.2019 година, се одржа во Вршац, Република Србија.

Во натпреварите по групи, Titus Flavius Orestes се натпреваруваше во групата А, каде постигна две победи во натпреварите со клубовите од Правните факултети во Штип и Тузла, по што се пласираше во полуфиналните мечеви, каде загуби од клубот од Правниот факултет во Бања Лука, кој подоцна го освои натпреварот. На крајот од натпреварот, нашите студенти ја освоија наградата за
најдобар писмен поднесок на апликантот, додека писмениот поднесок на респондентот беше на второто место, како и го освоија 4тото место во генералниот пласман меѓу 8 Правни факултети од регионот.

Оваа година дел од тимот беа како апликант (Џули Шутеска, Викторија Дамеска, Димитар Врглевски) и како респондент (Дарко Фармакоски, Златко Мариноски, Влатко Трповски). Студентите работеа под менторство на доц. д-р Ангелина Станојоска и доц. д-р Мирјана Ристовска.