Menu Close

ЗАПИШИ СЕ НА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ НА ВТОРИОТ ДРЖАВЕН МАКЕДОНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ!

Правниот факултет е еден од основачите на Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола уште во далечната 1979 година. Основањето на вториот македонски универзитет и неговиот досегашен развој претставува значајна алка во синџирот достигнувања во образовната, научната и културната архитектура на современото македонско општество. Од 2008 година Правниот факултет функционира во три градови, и тоа во: Кичево, Битола и во Струга.

ЗОШТО ДА СЕ ЗАПИШЕТЕ НА ПРАВЕН?:

  • Соврeмена настава;
  • Практична работа и практична настава;
  • Широки можности за вработување;
  • Пишување и работа на проекти;
  • Moot court натпревари;
  • Клиничко образование и подготовка;
  • Диплома со академски степен: дипломиран правник;
  • Студирање по Европски кредит трансфер систем (ЕКТС);
  • Меѓународна мобилност во наставниот процес;
  • Стипендии за најдобрите студенти на прв и на втор циклус студии;
  • Можност за студирање на рати.

Kонкурсот за упис на студенти на Правниот факултет можете да го погледнете на: https://uklo.edu.mk/filemanager/konkursi/2020-21/KONKURS%20I%20ciklus,%202020-2021,%20final%20final.pdf

 

УПИСНИ РОКОВИ:

Сите кандидати задолжително треба да пополнат електронска пријава пред започнувањето на уписните рокови. Електронското пријавување се врши на: http://upisi.uklo.edu.mk/

Активност

Прв уписен рок

Втор уписен рок

Трет уписен рок

Пријавување на кандидатите

27.08, 31.08 и
01.09.2020

14 и 15.09.2020

24.09.2020

Објавување прелиминарна ранг листа

07.09.2020

17.09.2020

25.09.2020

Објавување на решение за прием на кандидатите

09.09.2020

21.09.2020

28.09.2020

Запишување на кандидатите

10 и 11.09.2020

23.09.2020

30.09.2020

 

ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ:

 При пријавувањето за запишување на единиците на Универзитетот, кандидатите ги поднесуваат следниве документи:

  1. Пријава за запишување
  2. Електронска пријава (од iKnow-системот)
  3. Оригинални свидетелства од сите класови од средно образование
  4. Оригинал документ: Диплома за завршено средно образование во учебната 2019/2020 година / Диплома за положена државна матура / Свидетелство за завршено средно образование
  5. Извод од матичната книга на родените
  6. Доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
  7. Кандидатите кои конкурираат за запишување како вонредни студенти ги поднесуваат освен горните и документите назначени во глава III, точка 3
  8. Кандидатите кои конкурираат за запишување со завршено сродно високо или вишо образование поднесуваат соодветно уверение или диплома, а кандидатите во категоријата за паралелно студирање поднесувааат и соодветно уверение за статус на студент на сроден факултет, студиска група или насока
  9. Кандидатите кои конкурираат по глава II точка 2 став 3 алинеа 1 и 4 поднесуваат и документ од Агенцијата за вработување на РСМ дека се невработени
  10. Кандидатите кои конкурираат како странски државјани ги поднесуваат освен горните и документите назначени во глава V, точка 3 и 4
  11. Потврда за уплатени 300 денари на жиро сметка на факултетот – високата школа за манипулативни трошоци
  12. Потврда за уплатени 50 денари за административна такса

Напомена: Кандидатите при пријавувањето на единицата на Универзитетот доставуваат:

-документи од претходното образование во оригинална форма (овие документи времено се задржуваат на единицата, а потоа му се враќаат на студентот),

-незаверени копии од документите од претходното образование (што остануваат во досието на студентот).

 

КОНТАКТ:

Локација:

ул. Рудничка ББ – Кичево (045 220 267)
ул. Партизанска ББ – Битола (047 221 115)
ул. Владо Талески – Струга (046 780 721)

Email: pfk@uklo.edu.mk