Правниот факултет од Загреб и нашиот факултет склучија Договор за билатерална соработка со кој се отвораат можности за организација на заеднички научни и стручни настани, покана на професори да предаваат на факултетите, можности за нашите студенти, заеднички публикации, научни проекти и многу други активности. Исто така, овој чекор би го отворил и патот кон Еразмус + соработка. На ваков начин уште еднаш потврдуваме дека сме целосно посветени на проширување и продлабочување на мрежата на меѓународна соработка на нашиот факултет.