На 07.06.2022 година на Правниот факултет (Битола) од страна на деканот, проф. д-р Горан Илиќ и деканката, вон. проф. д-р Олга Кошевалиска, беше потпишан Договор за соработка меѓу Правниот факултет при УКЛО -Битола и Правниот факултет при Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип.
Преку овој Договор двата факултети уште повеќе ја приближуваат и продлабочуваат соработката и отвораат нови можности за заеднички активности во иднина кои ќе овозможат подобри услови за истражувања, заеднички проекти и настани на наставниот кадар, како и поголеми можности во текот на студирањето за нашите студенти.