Објавен е Конкурсот за запишување на студенти на втор циклус студии на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, а на Правниот факултет во академската 2022/2023 година има вкупно 170 слободни места на четири студиски програми, и тоа:
– Казнено право и криминологија – Кичево (20 слободни места); Битола (50 слободни места);
– Бизнис право – Кичево (10 слободни места); Битола (30 слободни места);
– Административно право и администрација – Кичево (10 слободни места); Битола (20 слободни места);
– Човекови права и демократија – Кичево (10 слободни места); Битола (20 слободни места).
Повеќе информации за уписните рокови и потребните документи во Конкурсот