На 15.10 и 16.10.2021 година и оваа година виртуелно се одржа четвртата по ред меѓународна научна конференција во организација на Правниот факултет на тема: „Кон подобра иднина: Држава и општество“. На отворањето на конференцијата свои обраќања имаа деканот на Правниот факултет, проф. д-р Горан Илиќ, и раководителката на Центарот за научно – истражувачка работа, вон. проф. д-р Ангелина Станојоска. На пленарната сесија, говорници беа проф. д-р Анџело Виљаниси Фераро од Универзитетот „Медитеранеа“ Реџо Калабрија, Италија; проф. д-р Ричард Розенфелд и проф. д-р Ли Ен Слокум од Универзитетот во Мизури – Сент Луис, САД; како и доц. д-р Пајман Ахмад од Универзитетот Рапарин – Ирак. Исто така, беа одржани и три паралелни панели каде учество зедоа над 40 говорници со свои трудови.