Правниот факултет, претставуван од деканката проф. д-р Светлана Вељановска и Голд Слот Клуб, претставуван од раководителот на правниот сектор Томислав Дивјаковски, денес во просториите на Правниот факултет во Битола потпишаа меморандум за соработка.
Во рамките на престојната соработка е планирано стипендирање на студенти, како и можности за практикантска работа на студентите од Правниот факултет.
Оваа соработка ја нагласува огромната вредност што општествено одговорните компании можат да ја донесат во општеството, особено преку поддршка на образованието и професионалниот развој на идните академски граѓани.