Конференција со наслов „Cauldron in the East, cauldron in the South? Challenges for security and stability in Europe“ се одржа на 6 ноември 2023 г. во Офицерскиот дом во Битола, со поддршка од Министерството за надворешни работи на Република Полска.
Инаку, важни актери на Конференцијата, покрај Правниот факултет при УКЛО се и УКИМ и Институт за социолошки, политичко-правни истражувања, неколку респектабилни установи од Црна Гора: Универзитетот во Доња Горица, Паневропската Унија, Центарот за демократска транзиција и Атлантскиот совет и соорганизаторите од Полска: Центарот за Европа од Универзитетот во Варшава, Центарот за меѓународни односи, Факултетот за политички науки и Универзитетот за меѓународни студии во Варшава.