На 01.7.2022 година во организација на Правниот факултет при УКЛО – Битола и Центарот за Европа при Универзитетот во Варшава, Република Полска, во Офицерскиот дом во Битола се одржа меѓународна конференција „Полска и Балканот во Европа – Успеси и предизвици“. Овој настан е дел од истражувачкиот грант „Амбициите на Балканот и полската инспирација“, проект финансиран од Министерството за надворешни работи на Република Полска во рамките на програмата за доделување грантови „Јавна дипломатија 2022“.