Europe House
и Клуб на Оратори – FORUM ORATORES организираат Ораторски натпревар по повод одбележувањето на 75-годишнината од Универзалната Декларација за човекови права на Обединетите Нации.
UN_MK
Согласно тематиката на овогодинешниот јубилеј, целокупниот настан ќе биде во духот на човековите права.
Право на учество имаат сите студенти од прв и втор циклус студии на Правните факултети – „Јустинијан Први“ во Скопје при УКИМ, Правниот факултет во Кичево, Битола и Струга при УКЛО и Правниот факултет во Штип при УГД.
Повикот е отворен до 30.10.2023 година( но доколку има кандидати, се разбира дека ќе излезат во пресрет за нивно пријавување.), а сите заинтересирани студенти може да испратат свои податоци (име и презиме, циклус, година и насока на студии, факултет на кој студираат) на следната
е-меил адреса: 𝐤𝐥𝐮𝐛𝐧𝐚𝐨𝐫𝐚𝐭𝐨𝐫𝐢@𝐠𝐦𝐚𝐢𝐥.𝐜𝐨𝐦 со назнака „За учество на Ораторска вечер по повод 75 годишнината од Декларацијата за човекови права“.
#️Бројот на пријавени кандидати е ограничен!
Сите избрани кандидати ќе бидат контактирани и ќе имаат можност да следат две теоретски предавања меѓу кои првото се однесува на „Човековите права и Универзалната Декларација за човекови права и слободи“, додека втората обука „Основи на јавно говорење и реторички вештини“ има за цел да ги насочи студентите во сферата на јавното говорење, концептот на реторика, скелетот на говор, вербалната и невербална комуникација и механизмите за справување со трема при држење на јавен настап.
Избраните кандидати ќе имаат и можност да бидат дел од практична и интензивна тренинг-обука за јавно говорење каде што индивидуално ќе работат на пишувањето на своите говори и нивна изведба со назначени ментори-обучувачи.
На 03 декември 2023 година, на секој од факултетите ќе се одржи полуфинале, по кое деветте финалисти ќе настапат на големото финале во Europe House Битола (Офицерски дом), кое ќе се одржи на 11 декември 2023 година.
Експертската жири комисија која ќе одлучува за победниците ќе ја сочинуваат тројца почесни членови на Клубот на оратори FORUM ORATORES, и претставници од Делегацијата на ЕУ и канцеларијата на Обединетите Нации.