На 14.10.2022 година (петок) со почеток во 14 часот се одржа пленарната сесија на меѓународната научна конференција „Кон подобра иднина: Визии за правда, еднаквост и политики“ која ја отвори деканот на Правниот факултет, проф. д-р Горан Илиќ, а ја модерираше раководителката на Центарот за научно – истражувачка работа, вон. проф. д-р Ангелина Станојоска. На пленарната сесија свои презентации имаа проф. д-р Емилио Виано од Одделот за правда, право и општество при Американскиот Универзитет во Вашингтон, САД; вон. проф. д-р Роксана Барбулески од Одделот за социологија и социјална политика при Универзитетот во Лидс, Обединетото Кралство; проф. д-р Деилтон Рибеиро Бразил од Универзитетот Итауна, Минас Жераис, Бразил; и проф. д-р Тијаго Фелипе Аванци од Универзитетот Паулиста и Универзитетскиот центар Сао Жудас Тадеу, Бразил.