На 19.04.2022 година, студентите од Правниот факултет при УКЛО, заедно со професорите Станојоска и Илијевски, во рамките на предметните програми по Организиран криминал и корупција и Криминологија, беа во посета на Државната Комисија за спречување на корупцијата. Нашите професори и студенти беа примени од потпретседателот на Комисијата, неколку членови и генералната секретарка.
За време на посетата студентите беа запознати со надлежностите, работата и предизвиците со кои се соочува Комисијата, додека беше развиена и дискусија поврзана со соработката со државните институции при случаи на можни коруптивни дејствија, како и новиот Закон за лобирање кој набрзо треба да биде донесен.