На 19.04.2022 година, дел од студентите од Правниот факултет при УКЛО, заедно со професорите Илијевски и Станојоска, беа гости во Канцеларијата на Народниот правобранител (Националниот превентивен механизам).
За време на посетата на студентите им беше објаснета важноста на ОПЦАТ и начинот на функционирање на НПМ. Исто така, беше разговарано за идни можности за соработка кои набрзо ќе бидат формализирани со Меморандум за соработка.