На 18.01.2022 година (вторник) на Правниот факултет во Битола се одржа средба помеѓу Директорот на Управата за извршување на санкции, г-дин Марјан Спасовски и Деканот на Правниот факултет при Универзитетот “Св. Климент Охридски” во Битола, проф. д-р Горан Илиќ, на која беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу двете институции. На ваков начин, Правниот факултет продолжува да ја продлабочува соработката со јавните и државни институции во насока на овозможување поголем пристап до нив од страна на наставниот и соработничкиот кадар и студентите.