На 02.10.2023 година во 11 часот со свечен прв академски час и поделба на индексите за бруцошите започна новата академска 2023/2024 година за студентите запишани на дисперзираните студии на Правниот факултет во Битола.
На првиот академски час на студентите им се обратија продеканот за развој и институционална соработка, вон. проф. д-р Ице Илијевски, потоа продеканката за настава, доц. д-р Ивона Шушак Лозановска, како и претседателот на Адвокатската заедница на Битола, адвокатот Иван Рутевски, и заменикот студентски правобранител, нашиот студент Александар Ристевски.
На сите бруцоши и другите наши студенти им посакуваме успешна академска година.