Свечениот прв академски час се одржа и на студиите во Битола, каде пригодни обраќања пред новите студенти – бруцоши и дел од наставниот кадар, имаа проректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Марјан Ѓуровски, и деканот на Правниот факултет, проф. д-р Горан Илиќ. Потоа проректорот, проф. д-р Ѓуровски и деканот, проф. д-р Илиќ на новите студентите им ги поделија индексите.