На 02.10.2023 година во 13 часот со свечен прв академски час и поделба на индексите за бруцошите започна новата академска 2023/2024 година за студентите запишани на дисперзираните студии на Правниот факултет во Струга.
На првиот академски час на студентите им се обратија продеканот за развој и институционална соработка, вон. проф. д-р Ице Илијевски и продеканката за настава, доц. д-р Ивона Шушак Лозановска.
На сите бруцоши и другите наши студенти им посакуваме успешна академска година.