За студентите од прва година на Правниот факултет во Кичево денес започна новата академска година 2021/2022. Традицијата првиот академски час да се одржи во просториите на факултетот со физичко присуство се почитуваше и годинава и новите академски граѓани беа дочекани во свечен амбиент.Од страна на Проф д-р Светлана Вељановска -раководител на вториот циклус студии им беа доделени индексите на бруцошите и им беа објаснети правилата по кои во зимскиот семестар ќе се одвиваат предавањата (он лине ) и полагањата (со физичко присуство).Наставата за сите студенти на Правен факултет Кичево започнува во понеделник со он лине настава по распоред кој е објавен на страната на факултетот.