На 29.05.2024 година на Правниот факултет беше организирана промоција на дипломирани студенти и магистри на правни науки.
На промоцијата проректорот за наука на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Горан Илиќ, им честита на студентите и ја посочи важноста на правничката професија. Деканката на Правниот факултет, проф. д-р Светлана Вељановска, ги поздрави студентите и им посака успешни професионални кариери.