Деновиове во посета на нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ беше деканот на Правниот факултет од Кичево, проф. д-р Светлана Вељаноска. 

Таа на директорот на нашата Библиотека м-р Милчо Јованоски му подари дел од своите стручни книги од областа на правото. Книгите се обработени  и поставени во одделот за стручна литература, достапни се за читателите и за зајмување.

Се работи за следните дела: Судски систем, Меѓународно судство и Културната политика на Република Македонија во  рамките на процесот на евроинтеграцијата.

– Ова е почеток на нашата заедничка соработка се сложија деканката Вељаноска и директорот Јованоски.

Пред престојните уписи на факултетот договорено е претставници од Правниот факултет да дојдат во Библиотеката и пред посебна фокус група – матуранти од Охрид да ја претстават нивната образовна институција.

Истовремено, според зборовите на деканата Вељаноска таа ќе ги поттикне и останатите нејзини колеги да подарат книги на библиотеката со што би се збогатил нашиот книжен фонд од областа на правото.