На 15 и 16 септември 2022  година, во Битола се одржа работилница на тема „За вмрежена докторска школа во Западен Балкан“ во склоп на проектот „Зајакнување, перспективи и научна соработка во Западен Балкан“ на кој проект Правниот факултет е партнер.
Целта на проектот е отпочнување на нови иницијативи за академска соработка на  институциите во регионот и обезбедување континуитет на веќе постоечките соработки во Западен Балкан, преку поддршка на  истражувачки активности,  преку промовирање на француската методологија на обучување, зачувувајќи ја притоа европската димензија со цел подобро искористување на европските фондови.