Проф. д-р Младен Караџовски, вон. проф. д-р Мирјана Ристовска, доц. д-р Ивона Шушак Лозановска и доц. д-р Пакиза Туфекџи, во периодот 26- 29.05.2022, со свои излагања беа дел од Регионална тркалезна маса со наслов “Судството во Западен Балкан – (Р) еволуција на судските постапки.”
Настанот, во организација на Форумот на судии на Република Србија, ги обедини репрезентативните учесници од Западен Балкан, а целта беше да се анализираат актуелните прашања, дилеми и проблеми во регулативите кои регулираат одредени судски постапки, како и да се разгледаат искуствата на земјите во регионот.