На 19.04.2022 (вторник) студентите на Правниот факултет при УКЛО заедно со професорите Илијевски и Станојоска, беа гости на Клубот за младински прашања и политики, каде беа примени од пратеничките Моника Зајкова и Марија Петрушевска. На средбата се разговараше за условите на универзитетите, мерките за млади, дигитализација на високото образование и други прашања поврзани со предизвиците со кои се соочуваат младите луѓе во текот на студирањето и потоа, како и за можни идни иницијативи и идеи за соработка.